Прогласување на кризна состојба тема на Советот за безбедност?

by fokus

Владата вчера на седница не донела одлука за евентуална кризна состојба поради ширењето на заразата со Ковид-19, но сепак прогласувањето на кризна состојба треба да биде отворено на утрешната седница на Советот за безбедност.

– Се чека да се одржи состанокот на Советот за безбедност ја претседателот на државата утре, а потоа не се исклучува можноста Владата да одржи седница на која ќе донесе нови мерки за справување со пандемијата, рече портпаролот Муамет Хоџа.

Советот за безбедност на Македонија утре ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции.

На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно“, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Поврзани новости