Секое криење на договорот за автопатиштата, значи измама, вели Најчевска

by Fokus

Три месеца од јавноста се крие договорот склучен меѓу Македонија и „Бехтел и Енка“, за изградбата на коридорот 8 и 10-д. Договорот е причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата, а граѓаните можат да веруваат само на збор оти документите се чуваат во фиока. Оправдувањето на Владата е дека во него имало клаузула за тајност.

Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека криењето на договорот значи дека во него има некаква измама.

„Сите граѓани имаат право да го видат договорот со кој се градат патишта. Секое криење на ваков договор значи дека во него е содржана таква измама која е премногу очигледна за секого. Договорите се склучуваат врз основа на постоечки закони, а не се менуваат закони врз основа на склучени договори“, наведува Најчевска.

Поврзани новости