Сефер Цаноски: Груевски ќе биде испорачан како пакетче!

by fokus

Бизнисменот Сефер Цаноски тврди дека не верува како Унгарија ќе му даде азил на Никола Груевски. Според него, тој ќе бил испорачан во некој од следните летови.

-Љубе,Кежаровски, Велија, Емел и уште многу други машки и гордо ги издржаа затворите. Затворени беа на кукавички начин од истиот тој кој слободно се шеташе и шеташе и шеташе… За на крај комотно и во ист кукавички стил да си замине во прекрасниот град Будимпешта. Не е фер не само поради жртвите, туку поради правдата и иднината. Но, не е ни крај на светот. Унгарија е дел од Европска унија и не верувам дека за ваков криминалец би дале азил. Исто како Санадер на некој од следните летови ќе биде како пакетче испорачан – објави на својот Фејсбук профил Цаноски.

Јавноста е во неверување откако пред помалку од еден час Груевски на својот официјален профил напиша дека се наоѓа во Будимпешта, каде побарал политички азил.

Поврзани новости