Седуммината хоспитализирани во кумановската болница ќе се префрлат во Скопје

by Фокус

Министерот Венко Филипче на денешната видео конференција рече дека се завршени тестирањата и на вработените во кумановската болница и дека болните, поради намалениот капацитет на здравствени работници, ќе се префрлат во Скопје.

-Од 210 вработени, само кај двајца се најдение зголемени антитела и тие ќе бидат тестирани на вирусот. Истото тоа, како стратегија, ќе го спроведеме и во текот на следната недела, посебно во одделенијата и болниците во кои сметаме дека има најголем ризик – истакна Филипче.

Тој посочи дека по разговор со директорката на болницата во Куманово е договорено сите седум хоспитализирани да се префрлат на Клиниката во Скопје.

Поврзани новости