Владата утре одлучува дали ќе се воведе 14-дневен карантин во Куманово

by Фокус

Барањето на Општина Куманово за воведување 14-дневен карантин со целосна забрана за движење на жителите утре ќе се најде на седница на Владата.

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, барањата на кумановскиот кризен штаб утрово се разгледувале на состанокот на Комисијата за заразни болести, но, како што истакна, крајна одлука ќе се носи на седница на Владата.

-Предлозите веќе се доставени до Централниот штаб на Владата кој ќе заседава утре, а после тоа ќе има и седница на Владата на којашто ќе се донесат сите одлуки во однос на барањата на кризниот штаб на Куманово – рече Филипче.

Поврзани новости