Седум лекари се заразиле со вирусот во Марибор за само еден ден

by Fokus

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека само за еден ден, седум лекари од болницата Адолф Дролца во Марибор се заразиле со корона вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според директорот на Универзитетскиот Клинички центар во Марибор, Војко Флис, тројца од заразените доктори работеле и во клиничкиот центар. Според неговите првични информации, вирусот овој пат бил увезен, најверојатно од Црна Гора. Тој ги повика сите оние кои изминативе денови биле во болницата, а развијат симптоми на Ковид-19 веднаш да се јават на лекар.

Дел од словенечките медиуми пишуваат дека лекарите се заразиле на семејна веселба, односно свадба.

Инаку, здравствените власти објавија дека денес во земјата се потврдени 15 нови случаи на корона вирусот. Поради потешка форма на болеста моментално хоспитализирани се осум пациенти.

Поврзани новости