Седницата за одобрување на изборните резултати во САД ќе продолжи денеска

by fokus

Спикерката Ненси Пелоси вечерва најави дека седницата за одобрување на резултатите од претседателските избори во САД ќе продолжи вечерва во 20 часот по американско време.

-Во консултација со лидерите Хојер и Клибурн и по разговорите со Пентагон, Министерството за правда и потпретседателот, одлучивме дека треба да продолжиме вечерва во Капитол откако ќе се исчисти за употреба, најави Пелоси.

Полицијата ги растера демонстрантите од Конгресот и ги принуди да се повлечат подалеку од зградите на Капитол.

Поврзани новости