Трамп на Твитер: Тоа се случува кога изборна победа е злобно украдена, запомнете го денешниот ден

by Fokus

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги бранеше насилните демонстранти, неговите приврзаници кои упаднаа и уништуваа во зградата на американскиот Конгрес, јави Си-Ен-Ен.

-Тоа се случува кога изборна победа е злобно украдена. Запомнете го денешниот ден засекогаш, објави Трамп на својот профил на Твитер.

Тој ги повика демонстрантите да се разотидат „во љубов и мир”.

Твитер повторно забрани коментирање и споделување на објавата на Трамп на својата мрежа. Подоцна го избриша твитот на Трамп.

Поврзани новости