Твитер го блокираше Трамп на 12 часа

by fokus

Социјалната мрежа Твитер вечерва го блокираше профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на 12 часа и за прв пат го предупреди дека може целосно да му го избрише профилот.

Претходно, Твитер го ограничи коментирањето и споделувањето на две објави на Трамп, а исто така и избриша две објави во кои Трамп демонстрантите ги нарекува патриоти.

Во наредните 12 часа Трамп нема да може да објавува нови твитови.

Поврзани новости