Седница на Советот за безбедност на ОН за формирањето на војската на Косово

by fokus

На барање на Русија и Србија, денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на формирањето на косовската војска, на која ќе се обратат и претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Вучиќ во саботата изјави дека ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност „за да ја каже вистината за тоа колку труд и енергија вложила Србија за да биде постигнат компромис, а колку другите не го сакале тоа“.

– Ќе се обидам да кажам дека го прифативме Бриселскиот договор, како тежок договор и се изнесовме на наш грб, затоа што знаевме дека на Србија и е потребен мир, нагласи Вучиќ, додавајќи дека на Србија не и требаат нови судири и војни.

Поврзани новости