Седлоски станува тренер на вториот тим на Динамо Загреб

by Фокус

Некогашниот репрезентативец и капитен на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ќе биде тренер на вториот тим на Динамо Загреб.

-Ете, ми се исполни желбата, доаѓам да работам во Динамо. Знаете колку го сакам Загреб и колку ми е мило што се враќам во Динамо – изјави Седлоски за хрватските медиуми.

Тој важи за еден од најдобрите македонски фудбалери во поновата историја, кој на клупски план се прослави токму во Динамо Загреб, каде настапуваше од 1998 до 2005 година, додека во неговата тренерска кариера ги предводеше екипите на Вардар, Турново, Рига, Широки Бријег.

Поврзани новости