Нема трага од бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст”за кој вчеравечер беше распишана потерница за приведување. Полицијата трага по сопственикот на „Трансмет“ – кој се товари за фалсификување на документи за добивање на тендер тежок 17 милиони евра, државни пари.
Полицијата не го нашла Кочан на домашната адреса, а сега МВР чека известување од граничната полиција дали осомничениот бизнисмен ја напуштил државата. Според извори на Телма и Алса-М пак, Кочан уште вчера ја напуштил Македонија.
Инаку, покрај него, во овој предмет осомничен е и Василије Авировиќ, овластен потписник на компанијата „Силекс неметали“, за кого судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост.
Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.