Финансиската полиција ги тресе невладините поврзани со УСАИД

by fokus

Финансиската полиција и УЈП засилено ги „чешлаат” невладините организации, по наредба на Основното јавно обвинителство.

Извршната директорка на „Фондацијата Отворено општество“, Фани Каранфилова-Пановска, и Бојан Маричиќ од „Евро тинк“ денеска информираа дека последните три дена имаат засилено присуство на финансиска полиција во нивните организации, којашто барала документи за прилив и плаќања поврзани со програмите на УСАИД.

-Така како што ги водат постапките и нивниот број, упатува на тоа дека бараат сè и не знаат што бараат – рече Каранфилова-Пановска, додавајќи дека се чешлаат само финансиите што се дадени во граѓанските организации, но не и средствата донирани во државните институции.

Извршниот директор на „Еуротинк“, Бојан Маричиќ, порача дека потребно е итно формирање на новата влада за да престане институционалниот политички притисок, кој како што потенцираше, започна веднаш по прогласот на Никола Груевски и најавите за „десоросоизација”

Поврзани новости