Иванов: Армијата е спремна да ја брани Македонија

by fokus 22:54
22:54

Претседателот Ѓорге Иванов денеска на одбележувањето на 25-годишнината од преземањето на караулата „Рамна нива“ од страна на АРМ, гласно порача дека Македонија ја има Армијата, и дека таа е подготвена по било која цена да го брани интегритетот и  територијата на земјата.

-Знамето претставува  јасна порака дека ова е територија на суверена и независна држава со своја сопствена армија, која е подготвена по секоја цена да ги штити територијалниот интегритет и независноста – порача Иванов.

На новинарските прашања пак, за тоа што планира да направи претседателот, откако меѓународната заедница неколку пати директно го повика да престане да ја блокира новата влада и да го додели мандатот, Иванов не даде одговор.

Поврзани новости