Сеад Кочан бил опериран пред пет години, денеска му е направена само дијагностичка коронографија

by Fokus 16:14
16:14

Бизнисменот Сеад Кочан денеска не е опериран на скопската Клиника за кардиологија, туку му е извршена единствено коронографија, односно инвазивна дијагностичка метода која се изведува преку артерија на раката, при што се сликаат крвните садови на срцето, за да се види во каква состојба се, дознава „Фокус“ од извори во болницата.

Според нашите информации, оваа дијагностичка метода ја направил доктор Јорго Костов, со што немало потреба од никаков оперативен зафат. Пред пет години, во 2012 година на Кочан му бил направен бајпас на срцето во приватна болница.

- Advertisements -

Нашите извори уште тврдат дека наодот му бил добар, но ако се забележало дека дека има значајно стеснување или запушување крвните садови, во ист акт се става стент, за што кај него немало потреба.

И.М. 

Поврзани новости