Се зголеми откупната цена за грозјето, лозарите задоволни

by fokus

Задоволство од новопостигнатите цени за килограм грозје од 13 денари за смедеревка и 15 за вранец, денеска на прес коонференција во Кавадарци изразија претседателот на Здружението „Напредни лозари” Трајче Кулев  и градоначалниците  на Неготино и Кавадарци, Тони Делков и Митко Јанчев.

Лозаропроизводителите, рече Кулев, упатуваат голема благодарност до Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев за новата одлука која ќе биде донесена на следната владина седница.

-Овие дополнителни субвенции се од голема важност за нашиот регион каде што речиси целото население поседува обработливи почви со винова лоза. Голема благодарност и до Јанчев и Делков кои цело време беа наша поддршка и целосно се залагаа за постигнување на нашата цел. Ваквиот напредок и решавањето на проблемите се само показател дека Кавадарци и Неготино се движат кон вистинскиот пат, нагласи Кулев, посакувајќи им на сите лозаропроизводители успешна берба и изразувајќи надеж дека од година во година лозарството како гранка ќе станува уште поуспешно.

Поврзани новости