Се заканува ерупција на вулканот Гримсвотн на Исланд

by Fokus

Најактивниот вулкан на Исланд, Гримсвотн, од денеска е под надзор поради природниот феномен на голема глацијална поплава, што е можна увертира за ерупција на вулканот.

Падот на притисокот на вулканот предизвикан од протокот на огромни количества вода може да предизвика ерупција, како што беше случај во 1922, 1934 и 2004 година.

Но, глацијалните поплави можат да се случат без ерупција, слично на ноември 2021 година и октомври 2022 година.

Сместен под глечерот Ватнајокул, најголемиот во Европа, во недостапен дел на централен Исланд, вулканот Гримсвотн последен пат еруптираше во 2011 година.

Во последните месеци, сеизмичката активност на Гримсвотн е над нормалата, се вели во соопштението на организацијата одговорна за следење на вулканот, пренесува Б92.

Поврзани новости