Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово

by Fokus

Министерот за правда, Никола Тупанчевски денеска изјави дека се уште трае истрагата во врска со бегството од затворот Идризово, а не сакаше да ги коментира информациите дека Министерството за правда ќе биде предмет на преговори за влез на Алијансата за Албанците во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, рече и дека до него сè уште не стасале случаи поврзани со имињата на бугарските клубови и дека рокот за тоа се уште тече.

– Знаете дека првиот човек на Управата за извршување на санкции е разрешен и при коментирањето и сугерирањето за тоа каков би требало да биде правниот епилог за сиве овие настани што ни се случуваат, би требало да се има комплементарен пристап, а тоа значи каква и да е одговорноста и за кого било, би требало да биде индивидуална, констатирана и потенцирана. Сè уште трае истрагата, се уште се констатираат дефектите, недостатоците што беа поврзани со последните настани. Јас верувам дека сето тоа ќе има и правен епилог, рече Тупанчевски.

Поврзани новости