Се уште не се знае дали „вечниот“ претседател Путин ќе се кандидира за уште еден мандат

by Fokus

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се уште не кажал дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори, закажани за 2024 година.

Путин не е расположен за кампања, бидејќи во моментов е многу зафатен, изјави Песков за московскиот весник „Известија“ во денеска објавен коментар.

-Се уште не сме слушнале да каже ништо за тоа дали ќе се кандидира за функцијата или не. Тоа значи дека се уште е прерано, рече портпаролот на Кремљ.

Путин, кој во февруари лани ја нареди руската инвазија врз соседна Украина, беше претседател на Русија од 2000 до 2008 година и од 2012 година.

Поврзани новости