Се урна станбена зграда во Италија

by Fokus

Најмалку три лица се спасени од урнатините откако денеска се урна трикатна станбена зграда во предградие на Неапол.

Спасувачите ја продолжуваат потрагата по преживеани, објавија италијанските медиуми.

Три лица се извлечени од урнатините на зградата во Торе дел Греко, која е оддалечена околу 12 километри од Неапол, а во болница се згрижени со повреди на различни делови од телото, јавува италијанската агенција АНСА.

Италијанските медиуми јавуваат дека две лица во близина на зградата се полесно повредени при уривањето, кои биле погодени од парчиња од урнатините.

Спасувачите продолжуваат да трагаат по луѓе во урнатините, а не е познато колку имало внатре во зградата во моментот на уривањето.

Исто така, пожарникарите се обидуваат да ослободат две постари жени кои се заробени во нивните домови по уривањето на блиската зграда. Мештаните велат дека зградите во Торе дел Греко се многу стари, а онаа што се урна била особено критична и имала видливи пукнатини и други знаци на опасност, наведува италијанската агенција.

Поврзани новости