Се укинува законот за хонорарци

by Фокус

Законот за хонорарци заминува во историјата. По многу протести на граѓанските здруженија, и незадоволство на хонорарците Владата сепак одлучи да го укине законот.

Спорниот закон за задолжително плаќање придонеси за хонорарците, предвидуваше дополнително плаќање придонеси на суми на 21 000 за вработени и над 9500 за невработените лица.

Сега Сите оние кои заработуваат по основ на авторски договор или хонорар од први август нема да плаќаат придонеси за здравствено и за пензиско. Законот и претрпуваше измени и пред да биде целосно усвоен.

Поврзани новости