Груевски до Заев и Шилегов: Јас ќе „пливам” некако, а вие уживајте во сопственото тонење

by fokus

Поранешниот премиер, а сега азилант во Унгарија, Никола Груевски вечерва повторно се јави на Фејсбук. Овојпат, статусот е посветен на премиерот Зоран Заев и на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-…она кога донесен на позиција со задача, со задоцнување кое трае многу подолго од мајтапот на “Порошенко” ќе почне да капира дека паѓа од власт, па паниката ја прикрива со обид пред камерите да биде вицкаст, а гневот и омразата ја изразува преку експресно активирање на нови незаконски и наменски креирани обвиненија лансирани преку судот, диктирање соопштенија кои ги пушта партијата и изјави на портпаролот…
Јас ќе “пливам” некако, а ти “уживај” во сопственото тонење после рекетот, крадењето и предавстсвата, заедно со оној градоначалникот полн со “млеко”…
Еве ако сакаш да ти помогнам за следното соопштение, обвини ме дека јас, а не ти сум кроел стратегии и организација за систематски државно организиран рекет со милионски суми во канцеларија заедно со Боки, и дека Кики и Фрики биле функционери на ВМРО, а не на СДСМ.
Кажи дека “специјалната” јас ја подучив како предупредувачки да те скочани и замисли да не се најдеш кај Боки пред неа. Кажи и дека оној на Фрики во УБК јас сум го врбувал за да те потсети на некои работи, а дека Кики кој ти беше маша за партиски вработувања и рекет всушност цело време бил навигиран од мене, напиша Груевски, овојпат без емотикони.

Поврзани новости