610
Ридван Ибрахими – градоначалникот на општина Арачиново вели дека едно од неисполнетите ветувања е изградбата на музејот на УЧК во Арачиново, објави тв21.
Се уште не е избрана локацијата каде ќе се гради музејот, додава тој. Вели дека има неколку места, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.
– Сè додека не е избрана локацијата што ми е приоритет, постојат различни форми. Тоа е едно од тие ветувања што ги дадов, на Арачиново му припаѓа музејот на ОНА, Арачиново има историја за големиот придонес што го даде за време на војната – вели Ибрахими.