Се пријавил во полиција дека извршил убиство и кажал каде е телото

by fokus
Полицијата уапси 21-годишник од скопско Кондово кој признал дека на 11 јули годинава убил 57-годишниот скопјанец во близина на селото.
Убиецот бил приведен вчера и во полициска станица го признал убиството на Скопјанецот кој изминативе денови се водел како исчезнат.
Полицијата извршила проверка на местото каде што тој посочил дека се случило убиството и во близина на селото Кондово било пронајдено телото на убиениот.

Поврзани новости