Чавков нема да даде исказ пред Обвинителството пред септември

by fokus

Дел од обвинителите не очекуваат Митко Чавков да даде исказ во обвинителство за организиран криминал пред септември – брифираат извори за телевизија 24.

Обвинителите секој ден сослушуваат нови лица, но поранешниот раководител на оперативниот штаб кој во извештајот на МВР беше посочен како одговорен за упадот, се уште не е повикан да даде исказ.

Изворите во обвинителството велат дека моментално се работи на пошироко планирање и се утврдува поврзаност на луѓето, па токму затоа не очекуваат предистражната постапка за заврши пред септември.

Поврзани новости