Се покачуваат водостоите на реките, постои опасност од излевање

by fokus

Водостоите на реките во земјава се покачуваат и имаат тенденција на натамошно покачување, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поради што постои опасност од излевање.

Оттаму поради појавата на високи водостои препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.

– Автоматските станици бележат покачувања на водостоите. Во Јегуновце утрово во 6:30 водостојот изнесува 190 сантиметри и има тенденција на покачување, соодветно на тоа очекуваме покачување и во Радуша. На реката Пена над Тетово водостојот измерен утрово во 6:30 изнесува 132 сантиметри, има тенденција на покачување. На станицата кај Бошков Мост (р.Радика) водостојот утрово измерен во 5:45 изнесува 130 сантиметри, а водостојот на Сатеска кај Ботун изнесува 116 сантиметри, со тенденција на покачување. На реката Голема кај Ресен водостојот изнесува 106 сантиметри (измерено во 6:15) со тенденција на покачување, соопшти УХМР.

Поврзани новости