Се намалува бројот на заразени од Ковид-19 на светско ниво

by fokus

По летниот пораст, сега се бележи тренд на опаѓање на новозаболени од КОВИД-19 на светско ниво. Според неделната статистика на Ворлдметерс во изминатите седум дена, глобално се бележи пад на новозаболените од 17 проценти, во однос на претходната седмица. За 11 отсто е намален и бројот на починати.

Во Европа минатата недела имало за 29 проценти помалку ковид-случаи, во Северна и Јужна Америка за 27 отсто, во Азија за два процента, Африка за 49 отсто и Австралија и Океанија за 24 проценти.

Пад на новозаболени на неделно ниво има во повеќето европски земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија со 23 отсто помалку случаи во однос на претходниот седумдневен период.

Раст на ковид бројките е евидентиран во Босна и Херцеговина, Летонија, Литванија, Полска, Русија, Србија, Унгарија и Шпанија.

Поврзани новости