Во близина на село Мирковци, две лица физички нападнале едно лице, поради недорабирање во сообраќајот, а повредениот побарал лекарска помош во Клинички центар во Скопје.
„На 02.10.2018 година во 21.40 часот, медицинска сестра од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје пријавила дека лицето Н.Ц. побарало лекарска помош поради здобиени повреди од физички напад. Според пријавеното, околу 01.00 часот во близина на угостителски објект во с.Мирковци меѓу Н.Ц., кој управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ и Д.Н., кој управувал патничко возило „БМВ“, а во кое бил и неговиот брат близнак Д.Н., настанало расправија поради недоразбирање во сообраќајот. После тоа од возилото излегло едно од лицата и со тврд предмет удирал по возилото „Мерцедес Вито“, а потоа неколку пати го удрил Н.Ц. во пределот на главата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.