Бачев: Тајната полиција ја прислушува руската амбасада и нашата партија

by Фокус

Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, тврди дека тајните служби од МВР ги следеле комуникациите во Амбасадата на Русија и дел од лицата кои се вклучени во работата на Единствена Македонија.

Зоран Заев најави дека нема да се злоупотребуваат тајните служби, истото го кажа и Спасовски. Тајната полиција ги следи политичките противници. Тајните служби ја следат Единствена Македонија бидејќи се залага за сојузништво со Русија“, рече Бачев.

Тој додаде дека за тоа има и документ каде, како што рече, се заведени оперативни обработки на конкретни лица од раководството на Единствена Македонија.

„Со оперативно и технички дејствија, кои ги користи тајните служби, кон нас се применуваат три средства, тоа се следење на телефонските линии, фотографирање и тајно видеодокументирање“, посочи тој.

Поврзани новости