СДСМ закажа седници на Централниот и Извршниот одбор

by fokus 22:12
22:12

Додека ја чекаат одлуката на ДУИ, СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор.

Во Мала Речица пак, вечерва заседава централното претседателство на ДУИ, каде дебатираат за тоа дали ќе бидат дел од новата влада или ќе се повлечат во опозиција.

- Advertisements -

Во меѓувреме, додека траат преговорите меѓу СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира и излегува на улици пред штабовите во повеќе градови низ Македонија. Во прогласот што Никола Груевски го доставил до општинските комитетите, се повикува членовите да застанат во одбрана на националните интереси на Македонија и да излезат на протест доколку Зоран Заев формира влада.

Поврзани новости