По повикот за мобилизација, вмровците излегуваат на улица

by fokus

Откако централата на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите општински комитети да свикаат итни седници, членовите на партијата почнаа да излегуваат на улица.  Тие се собират пред штабовите и блокираат патишта. Целта на овие, како што ги нарекуваат, „народни собири” било да се покаже силата на партијата.

Собири има во Битола, Охрид, Скопје, Кавадарци, Прилеп, Берово и други градови.

-Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме – порачаа од ДПМНЕ.

Претходно, лидерот на партијата, Никола Груевски најави дека доколку СДСМ и ДУИ се договорат за влада, ќе има немири.

Поврзани новости