СДСМ: Власта упаѓа во судски предмети

by Фокус 14:49
14:49

Во првиот сет снимени разговори кои ги објави Заев се слуша како судски одлуки се нарачуваат.

На една од снимките Влатко Мијалков, брат на Сашо, зборува со Филимена Маневска за еден предмет во Аплеација. Тој бара податок да стапи во контакт со одредена судијка, а Маневска го испраќа кај претседателката на судот Арсениевска, која, според снимката на СДСМ, била ептен од ВМРО. Маневска го упатува Мијалков кај Арсениевска за таа потоа да заврши работа со судијката, извесна Тереза.

- Advertising -

Во вториот разговор објавен од СДСМ, Мартин Протугер бара од Јанкуловска врски за сопругата на свој другар на која требало да и се поднесе кривична пријава за сообраќајка. Јанкуловска бара податоци за жената и го уверува Протугер дека кривична мора да има, но ќе паднела во понатамошна постапка.

Во третиот разговор Јанкуловска бара ургенции од Сашо Мијалков да фати врски во Врховен суд за да се изгуби спор кој го води МВР против едно лице. Иако е чудно како Јакуловска се откажува, односно сака МВР да го загуби случајот, сепак така морало да биде оти тој човек е учесник во војната и многу помагал на МВР, особено во врска со здружението „Достоинство“.

Поврзани новости