СДСМ: Власта ниту на Илинден не се откажа од црната пропаганда

by fokus 18:44
18:44

-ВМРО-ДПМНЕ и на Илинден не успеа да се надмине себеси и не се откажа од црните пропаганди, од туркањето на граѓаните кон поделби и од злоупотреба на државните функции и ресурси, реагираат од СДСМ на денешните говори на претставниците од власта.

Од СДСМ порачуваат дека Илинден не е за поделби и оти, како што велат, нема поголемо предавство од тоа да ги делиш сопствените граѓани.

-Нам, на граѓаните ни е доста од вашите поделби! Сакале вие или не, во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита! Сакале или не, после дождот сонце доаѓа!-  велат од СДСМ.

Поврзани новости