СДСМ: Владата денеска ги задолжи граѓаните за нови 25 милиони евра

by fokus 16:25
16:25

Од СДСМ денеска соопштија дека на денешната аукција на хартии од вредност на домашниот пазар, Министерството за финансии ги задолжило граѓаните за нови 25,3 милиони евра.

-И покрај тоа што минатиот месец незаконски ги задолжија граѓаните со еврообврзница од 450 милиони евра, денес на аукција на државни хартии од вредност на домашниот пазар ги задолжија граѓаните со нови 25,3 милиони евра.Иако за враќање доспеваа 21.2 милиони евра, министерот за финансии, Кирил Миноски, одлучи да ги задолжи граѓаните за 25.3 милиони евра, што се 4.1 милиони евра повеќе од долгот што доспева за враќање, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од опозициската партија потсетија дека  јавниот долг е на историски износ од над 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.

Поврзани новости