Следниот петок протест против панорамското тркало

by fokus

На 25 август, односно следниот петок е закажан протест против изградбата на панорамското тркало. Протестот е закажан за 18 часот на Кејот на Вардар до Музејот на македонската борба под мотото  „Скопје не е Дизниленд и ова лудило мора да престане“.

-Продолжуваат да се градат контроверзни зданија и споменици без соодветна јавна дебата и консултација со жителите на овој град. Ние не сакаме нашите поколенијата да отплаќаат долгови со непоимливи камати за оваа естетска и политичка катастрофа. На Скопје му треба модерна инфраструктура и прогресивни идеи за развој на економијата и соживот. Придружете ни се на граѓанско собрание за да започнеме разговор за излез од овој као-антички, квази-барок, скопско-дизни кошмар, пишува во настанот објавен на Фејсбук.

 

Поврзани новости