ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара оставка од најуспешниот градоначалник на Скопје

by fokus

СДСМ продолжува да бара оставка од најуспешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, бидејќи СДСМ не сака кога во Скопје се подобруваат условите за живот, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на барањето на СДСМ за оставка на Коце Трајановски поради катастрофалните последици од поплавата.

-СДСМ го сака Скопје како што го менаџираа тие, продавајќи ги Градските аптеки, градските гробишта, ПУИК со 10.000 станови, скопските пазари, Топлификација и Градскиот трговски центар сите некогашна сопственост на скопјани од кои Градот Скопје требаше да остварува приход. Доколку СДСМ не го направеше тоа, Скопје денес ќе беше многу поразвиен град. Скопје немаше да биде украден град, туку град со многу поголем процент на изградена атмосферска и фекална мрежа, широки булевари и уредени паркови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека СДСМ продолжувала со очајните најдолни обиди да ја политизира огромната природна катастрофа и да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби.

Поврзани новости