СДСМ утре ќе одржи дигитален Конгрес

by fokus 23:09
23:09

Владејачката СДСМ утре со почеток во 13:00 часот ќе го одржи 25. Конгрес преку платформата Зум.

-Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.
Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Конгресот ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.
Медиумите ќе можат да го проследат отворениот дел од Конгресот во живо и да преземат видео материјал со висока резолуција (HD) доколку имаат потреба за тоа, со обезбден превод на три јазици (Македонски, албански и англиски јазик).
Дополнително, по завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира одлуките донесени на 25-от Конгрес на СДСМ, соопштија од СДСМ.

Поврзани новости