Градоначалникот на Охрид оди во изолација, неговите родители се позитивни на Ковид-19

by fokus

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески вечерва објави дека оди во изолација, бидејќи неговите родителите се позитивни на Ковид-19.

-И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19. За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика. Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација. Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита, соопшти Георгиески.

Поврзани новости