СДСМ: Стигна сметката за незрелоста на Чулев и Мицкоски, само изборите се решение

by Фокус

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот Наќе Чулев во време на епидемија се однесува неодговорно и несериозно, а приоритет му е одбрана на неговиот шеф Христијан Мицкоски, реагираа утрово од СДСМ.

„Изјавата на Чулев дека граѓаните не треба да бидат казнувани заради непочитување на мерките и задолженијата придонесе за масовно непочитување на мерките од страна на граѓаните. Полицијата предводена од Чулев не презеде ништо ни кога се прекршуваа забраните за собири, кога масовно се прекршуваа забраните за движење, а и самиот Чулев организираше јавни собири без почитување на мерките. Сега, за жал, стигнува сметката“, велат од партијата на Зоран Заев.

Од таму посочуваат дека изборите се решение за, како што истакнуваат, незрелото, неодговорно и несериозно однесување на Мицкоски и неговите кадри.

Поврзани новости