Новиот воспитно-поправен дом во Тетово наскоро ќе почне со работа

by Фокус

Новиот Воспитно поправниот дом „Тетово“, во близина на тетовското село Волковија, наскоро може да почне со работа, откако се надминати сите инфраструктурни проблеми, најави Јовица Стојановиќ, директорот на Управата за извршување на санкции.

Министерката за правда пак истакна дека новиот дом ќе го промени животот на штитениците и ќе ги одведе на вистинскиот пат, бидејќи, како што рече, децата заслужуваат шанса во животот.

Објектот од градежен аспект е готов уште од декември 2018 година, но досега институциите решаваа проблеми со водоснабдување и електрична енергија.

Овој објект е со површина од 3.500 квадратни метри и ќе има капацитет од 110 лица.

Комплексот содржи и шеталиште и спортско игралиште.

Поврзани новости