Чулев: Над 500 лица се казнети за маска, а две лица излегле од изолација и самоизолација

by Фокус

Министерството за внатрешни работи и понатаму ги презема неопходните мерки и активности кои се однесуваат на почитување на мерките на владата, а се насочени кон справување со пандемијата од коронавирусот, истакна предмалку министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се по едно лице кои не ги почитувале мерките за изолација и за самоизолација. По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 562 прекршоци“, информира Чулев преку фејсбук.

Поврзани новости