СДСМ следната недела почнува преговори со партнерите за локалните избори

by Фокус 13:50
13:50

Владејачкиот СДСМ следната недела ќе започне преговори со коалициските партнери за заеднички настап на претстојните локални избори, велат за Фокус партиски извори.

Според нив, социјалдемократите ќе започнат преговори со предизборните коалициски партнери, меѓу кои НСДП, ЛДП и други за советничките листи, а потоа и за кандидатите за градоначалници во општините.

- Advertising -

Дури потоа, додаваат тие, може да отпочнат разговори и со албанските партии со кои СДСМ коалицираше постизборно за евентуален заеднички настап или пак за меѓусебна поддршка во етнички мешаните средини.

Според неофицијални информации, дел од „помалите“ коалициски партнери на Зоран Заев имаат амбиции да добијат кандидат за градоначалник во голема општина каде трендовите се во корист на моментално владејачката коалиција.

Од СДСМ велат дека наскоро ќе биде познато кои ќе бидат нивните адути за изборите за советници и градоначалници, откако претходно ќе бидат спроведени анкети за да се испита расположението на граѓаните.

Поврзани новости