СДСМ се заблагодари и излезе од коалицијата „Граѓаните за Македонија“

by Фокус 14:52
14:52

-Согласно договорот, на 1 септември СДСМ и опозицијата преку пратеничката група се враќа во парламентот, до 15 септември треба да го избереме Специјалниот јавен обвинител а веќе од 20 октомври ќе бидеме дел од институциите што неопходно треба да се нормализираат и демократизираат а со тоа треба да бидеме заеднички гарантори на фер, слободен и демократски процес на избори во април 2016 година.
Затоа, Ве информираме дека СДСМ истапува од коалицијата – Граѓаните за Македонија токму поради спроведување на се она што е договорено на 2јуни/15јули 2015 година во Скопје, се вели во соопштението на СДСМ со кое ја извести јавноста дека ја напушта коалицијата.

СДСМ се заблагодари до сите кои биле дел од „Граѓаните за Македонија“ и за нивниот активен придонес  при организирањето на активностите и учеството на настаните на Кампот пред Владата на Република Македонија како и учеството во сите други активности.

- Advertisements -

-Вашата заложба и несебичен ангажман беа силна поддршка заедно да опстоиме во намерите и заедно да дојдеме до оставката на Никола Груевски и до вклучувањето во институциите на системот, единствено како гарантори за фер и демократски избори.
Убедени сме дека нашата воспоставена соработка ќе продолжи и понатака на секој можен начин и форма се со цел заедно да се избориме за слободата, правдата и демократијата во Македонија, стои во соопштението на СДСМ.

 

Поврзани новости