СДСМ: Република Македонија има парламентарно мнозинство, како што предвидува Уставот

by fokus

По вчерашните средби на политичките лидери со еврокомесарот Јоханес Хан, од СДСМ денеска порачаа дека волјата на 700.000 граѓани преточена во 67 пратенички мандати мора да се почитува.

-Република Македонија има парламентарно мнозинство, како што предвидува Уставот.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, зад кого застанаа 67 пратеници во Собранието на Република Македонија веќе ја објави Програмата на новата реформска Влада, којашто го штити унитарниот карактер на државата, гарантира владеење на правото, обезбедува решенија за потребите и проблените на сите граѓани и ги отвора евто-атланстките перспективи на Република Македонија. Неопходен е мирен трасфер на власта, низ институциите на системот, формирање на Комисијата за избори и именувања, продолжение на конститутивната седница на Собранието на којашто ќе се избере нов претседател на Собранието, мандат за мандатот за формирање нова Влада и нова Влада, затоа што тоа е мнозинската волја на граѓаните на Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Велјаноски, Ѓорге Иванов не смеат да ги кочат демократските процеси и дека следува брза разврска на политичката криза.

Поврзани новости