Вечерва истекува рокот за формирање на Влада со министрите на СДСМ. Ако до вечерва нема договор сите опции се отворени велат од опозиционата партија, без да прецизираат што тоа значи.
Што се однесува до вчерашните преговори, од партијата велат дека ВМРО ДПМНЕ бега од договор. Затоа целото време го потрошиле на законот за забрана за објавување на бомбите, не оставајќи простор за суштинскиот договор за Владата. Интересно е, велат од СДСМ, што ДУИ, кои претходно исто така инсистираа на ваков закон, вчера воопшто не коментирале.
Вториот камен на сопнување е инсистирањето за вето над новиот министер во МВР, велат извори од СДСМ.
Владејачката партија барала новите министри да имаат право на вето врз сите одлуки, за да може да ја блокираат работата на новиот Министер за внатрешни работи, со што практично ќе се оневозможи министерот во својата работа за најавената истрага од специјалната обвинителка за материјалите кои произлегуваат од прислушуваните телефонски разговори кои ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Иако шансите се мали. Социјалдемократскиот сојуз очекува до вечерва на полноќ, кога истекува рокот за нов министер за внатрешни работи по предлог на СДСМ, да дојде до договор помеѓу четирите најголеми политички партии.
Доколку партијата на власт не преземе одговорност и не ги почитува роковите за избор на новата Влада и другите обврски многу веројатно годинава да нема препорака за членство во ЕК. Тоа на синиќешната средба во Пржино, наводно го кажал и еврокомесарот Хан.