Преговорите заглавиле околу правото на вето на замениците-министри

by Фокус

Преговорите за реализација на договорот од Пржино синоќа крахирале главно поради несогласувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу опсегот на употреба на правото на вето на замениците министри по формирањето на новата преодна влада, што треба да се уреди со измени на неколку закони, пред се на Законот за влада, брифираат извори вклучени во преговорите.

Според овие извори, владејачката ВМРО-ДПМНЕ инсистирала замениците-министри да имаат право на вето за широк спектар на прашања, но СДСМ се спротивставил на тоа, и покрај тоа што опозиционерите ќе имаат дури тројца заменици-министри, од причина што заменик-министерот за внатрешни работи ќе може да ги блокира сите промени што ќе се обиде да ги спроведе новиот министер.

Договорот предвидува правото на вето да важи за сите правни, финансиски и кадровски одлуки поврзани со организацијата на изборите, па оваа формулација засега е предмет на различни толкувања од страна на спротивставените страни во преговорите, но сугестиците од меѓународната заедница е за ова прашање да се постигне договор денеска, бидејќи истекува рокот, а другите теми, како законот за (не)објавување на „бомбите“ и за свиркачите да се остават за понатаму.

Поврзани новости