СДСМ Охрид: Бакрачески го става во ризик здравјето на учениците

by fokus 12:43
12:43

СДСМ Охрид денеска побара градоначалникот Никола Бакрачески и раководството на училиштето ОУ „Григор Прличев“ итно да ја исчистат депонијата која се создава среде најголемото основно училиште во градот, во центарот на Охрид.

-Покрај депонијата од која се шири смрдеа и претставува опасност од зарази, секојдневно поминуваат деца кои ризикуваат да добијат некаква болест или инфекција.
Освен што не направи ништо за образованието во Охрид, локалната самоуправа го става во ризик и здравјето на учениците.
Токму поради оваа негрижа, граѓаните во масовна бројка избраа промени. Граѓаните сакаат нивните деца да учат во модерни училишта во нормални услови. Тоа ќе го направат новите власти кои ќе се грижат за реалните потреби на граѓаните и ќе ги решаваат нивните проблеми, велат од ОО на СДСМ Охрид.

Поврзани новости