„Македонска пошта“ барала најевтини, а купила скапи автомобили

by fokus 12:33
12:33

АД „Македонска пошта“ се поднови со седум нови автомобили во вредност од 172.127 евра, или во просек платиле по 24.500 евра за автомобил. Набавката била извршена пред еден месец, а двата склучени договори беа објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Иако од „Македонски пошти“ навеле дека при спроведувањето на набавката најважна им е најниската цена, сепак ги избрале речиси најскапите понуди. Па така, според едниот тендер, за набавката на пет автомобили добиле шест понуди, највисока понуда од 7.142.855 денари, а најниска од 4.229.110 денари, а тие избрале понуда од 7.477.801 денари со ДДВ.

- Advertisements -

Вториот договор го склучиле на сума од 

Во договорот не е наведена марката на автомобилите, туку само компаниите кои ги добиле тендерите и тоа Друштвото за внатрешна и надворешна трговија ЕУРОИМПЕКС ДОО увоз-извоз Скопје и, од каде што набавиле два автомобила, најверојатно „пежо“, бидејќи се дистрибутери на овие автомобили, и Друштво за производство, трговија и услуги МИ – ДА ГРАНД МОТОРС ДОО Скопје, од каде ги купиле останатите пет автомобили, најверојатно марка „форд“.
В.В.

 

Поврзани новости