ВМРО-ДПМНЕ: Местото на криминалците не е во политиката, туку во затвор

by fokus

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално. Нивните соработници кои продавале кокаин се веќе во притвор, а СДСМ освен заканите кон новинарите, молчи и не одговара на прашањата кои ја интересираат јавноста. Дали аболицираниот криминалец Заев, како докажан пријател нна подземјето, знаел дека неговите ортаци уништувале животи со години и дали чувствува барем морална одговорност?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека јавноста има право да знае за „криминалите на луѓе поврзани директно со врвот на СДСМ“.

Поврзани новости