464
СДСМ денеска како дел од својата програма најави дека со цел да се намалат трошоците за енергија, да се олесни загадувањето и да се намали скапиот увоз на електрична струја, ќе се субвенционира изолацијата на домовите на граѓаните во износ од 20 отсто.
-Новата влада ќе го субвенционира секој граѓанин којшто ќе реши енергетски да го изолира својот станбен објект. Директно ќе обезбедиме финансиска поддршка за граѓаните во висина од 20 проценти од вредноста на инвестицијата за енергетска изолација. Ова е дел од итните реформски приоритети на новата влада, за првите 180 дена, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на денешната прес конферренција.